Екипата на Лос Анџелес Лејкерс направи изненадување и славеше над Хјустон Рокетс со 107:98 во првиот натпревар од првата рунда во плејофот во западната конференција.
Домаќините играа без Дончиќ и Ривс, двајца стартери кои носат околу 60 поени на екипата, ама и без нив успеа да дојде до славје над „ракетите“ за кои пак мора да се потенцира дека не можеа да сметаат на Дурент кој се повредил на тренинг и поради проблем со коленото го скокна соочувањето во Лос Анџелес.
„Езерџиите“ добија нов херој во името на Кенард кој уфрли рекорди за него во плејофот 27 поени на кои додаде 4 скока и 3 асистенции. Џејмс (19 поени и 13 асистенции) и Ејтон (19 поени и 11 скока) имаа дабл-дабл учиноци, а двоцифрени беа уште Хачимура и Смарт.
Шенгун беше прв стрелец кај поразените со 19 кошеви.
Денвер Нагетс пак беше подобар од Минесота Тимбервулс со 116:105 во натпреварот во кој во главна улога беа Јокиќ и Мари. Никола испорача трипл-дабл од 25 поени, 13 скока и 11 асистенции, Џамал пак уфрли 30 кошеви со 7 асистенции. Шестмина играчи на „волците“ имаа +12 кошеви, ама и тоа не беше доволно да се избегне пораз во Колорадо.
На другите све средби од плејофот на Истокот, Кливленд го одбрани домашниот терен против Торонто (126:113), а Њујорк триумфираше во „Медисон Сквер Гарден“ против Атланта (113:102).







