[ВИДЕО] Новинар со урнебесен одговор го изнасмеа Мурињо

Дерби

19/04/2026

11:17

216

Големина на фонт

а а а

Вечерва во Португалија се игра дербито меѓу Спортинг и Бенфика, натпревар пред кој Жозе Мурињо се најде во центарот на вниманието поради една интересна конверзација со новинар на прес конференцијата.

Имено Мурињо се поврзува со преселба во повеќе клубови, па доби прашање од новинар на националната телевизија дали и во наредната сезона ќе ја води Бенфика, поточно дали може да гарантира дека останува во Лисабон.

Жозе одговори во негов стил со контра прашање:

-Можеш ли ти да ми гарантираш дека ќе останеш на РТП?, -праша Жозе по што стигна одговор кој слатко го изнасмеа „специјалниот“.

-Можам, затоа што мене никој не ме сака.