Јувентус му нуди нов договор на играчот со најголема минутажа во оваа сезона

Дерби

19/04/2026

13:57

263

Големина на фонт

а а а

Јувентус се бори за место во Лигата на шампионите, но во исто време и влече потези за кои смета дека клубот ќе има користи на долги патеки.

Во изминатиов период нов договор доби капитенот Мануел Локатели, претходно потпис стави и тренерот Лучијано Спалети, односно овие двајца им се приклучија на Кенан Јилдиз и Вестон МекКени кои исто ја продолжија соработката.

Сега управата на клубот се впушта во друга мисија и сака дополнително да го „врзе“ играчот со најголема минутажа во тековнава сезона-тоа е Пјер Калулу.

Калулу со 3,841 минути е лидер во Јувентус по бројот на минат период на теренот, а изданијата што ги имаше ја тера управата да му понуди нов договор. Сегашниот му истекува во 2029, но ако се пронајде заеднички јазик тогаш новите услови ќе значат негово останување во Торино до 2030 или 2031 година со далеку поголема плата.

Сега Французинот заработува 2,5 милиони евра, а ако каже „ДА“ и одлучи да го прифати тоа што му било понудено би имал плата слична на Локатели од околу 4 милиони евра.