[ВИДЕО] Анри го предизвика Арсенал: Покажете го тоа против Сити…

Дерби

16/04/2026

16:22

198

Големина на фонт

а а а

Арсенал ја оствари првата цел за оваа седмица и успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Клубот од северен Лондон одново не блескаше против Спортинг Лисабон, не успеа да се наметне, да победи во својот дом, но славјето остварено во Португалија минатата седмица беше доволно оваа битка да ja затвори со 1-0 и да се закаже соочување со Атлетико Мадрид.

Сега пред „топчиите“ е дербито со Манчестер Сити во Премиер лигата, па легендата на клубот Тјери Анри го предизвика менаџерот Микел Артета и неговите играчи да покажат на „Итихад“ зошто треба да бидат шампиони.

-Верувам во она што го кажа [Артета], голем верник сум. Верувам во она што го гледам. Верувам во огнот, но кога зборуваш така, мора да го направиш тоа тогаш. Но, не го видов тоа вечерва. Поминавме, среќно сме, полуфинале. Никогаш го немаме освено, никогаш не го освоив, па не можам навистина да зборувам за сето тоа, но сепак ја освоив лигата.

-Оди и победи го Манчестер Сити. Сакам да го видам тој оган таму. Тоа е оганот што сакам да го видам, верувам во Микел, да, но оди и покажи го тоа. Не како вечерва или против Борнмут или Брајтон на гости или Мансфилд или сè што сум видов оваа сезона. Манчестер Сити што го видов неодамна [се смее]. Зборуваме за тимот што триумфирапе четири пати по ред. Ливерпул беше измеѓу тоа, ако не беше, ќе беше повеќе.

-Повторно, верувам. Уште од почетокот на сезоната велам дека оваа година верувам дека можеме да ја освоиме лигата. Ова е најголемата шанса во вашиот живот не само да го замолчите секого, туку и да докажете дека како тим можеме. И тогаш луѓето нема да зборуваат за збор што сакаат да го употребат, а јас нема да го употребам. Лично верувам. Но, седам тука на стол и работам на CBS, нема што да направам. Сега, слушнав оган. Сакам да го видам тој оган на „Итихад“, -порача Французинот.

Дербито е закажано за в недела од 17:30 часот.