Артета: Судијата Зиберт лесно можеше да досуди пенал во 103. минута, но овој пораз не менува ништо!

Дерби

31/05/2026

08:44

154

Големина на фонт

а а а

Микел Артета го водеше Арсенал до историска титула во Премиер лигата после 22 години, а вечерва имаше шанса да испише нова страница во историјата на клуб како прв менаџер кој го освоил трофејот во Лига на шампиони.

Арсенал водеше во првото полувреме и можеше да размислува за најголем успех во својата клупска историја, но иако беше на дофат да стане седми англиски тим со трофеј во најелитното европско натпреварување, на крајот такво нешто не се оствари.

ПСЖ беше подобар ривал во вториот дел и израмни преку Дембеле, а потоа беше психолошки постабилен во пенал рулетот и освои втора европска титула во низа.

Артета како голем џентлмен му честиташе на ПСЖ за големиот успех, но нагласи дека главниот судија Зиберт можел да досуди и пенал во 103-та минута кога Мадуеке беше соборен од Мендеш.

– Бевме многу блиску до трофејот, но сега ќе мора да се справиме со оваа болка. Ќе мора да се помириме со неа, но таков е фудбалот. На највисоко можно ниво, има и вакви моменти. Игравме против најдобриот тим во светот, навистина имам такво мислење за ПСЖ. Сакам да им честитам за тоа што го оставрија овие две години.

– Овој пораз не го менува она што го мислам за овој тим. Јас сум горд на моите фудбалери. Бевме блиску до нова страница во историјата, но сега ќе мора да ги контролираме и овие тешки емоции за нас.

– Во судиското продолжение имаше и ситуација врз Мадуеке која лесно можеше да биде пенал. Судијата лесно можеше да досуди пенал, но не мислеше така и тоа е тоа. Мора да се обидеме повторно и да бидеме подобри од ова. Сметам дека овој тим се уште има простор за корекции, можеме да бидеме подобри, – изјави Артета.