Челси останува единствениот клуб од Лондон кој ја има освоено титулата во Лигата на шампиони, откако Арсенал остана на дофат од трофејот и во вториот обид кој го имаше во последните две децении.
По болниот пораз од Барселона со пресврт во 2006-та година, Арсенал денеска стигна до пенал рулетот во Будимпешта, но таму доживеа хорор во вид на две катастрофални промашувања на Езе и Габриел.
Стоперот се претвори во трагичар со ужасниот пенал во петтата серија, а додека навивачите на Арсенал ронат солзи за пропуштената шанса, сол на раната додаваат ривалите од Лондон.
Come and visit London’s Home of Trophies. 🏆
— Chelsea FC (@ChelseaFC) May 30, 2026
Book your Stadium Tour at Stamford Bridge now. ⭐️⭐️
Челси реши да му фаќа голем сеир на Арсенал по поразот од ПСЖ во финалето на „Пушкаш арена“, објавувајќи брутален пост на социјалните мрежи.
– Дојдете да го посетите нашиот дом исполнет со трофеи во Лондон. Закажете ја својата тура за „Стемфорд Бриџ“ веднаш………







