[ВИДЕО] Класа потег: Сите играчи на ПСЖ тргнаа да слават титула по утката на Габриел, капитенот Маркињос ја воодушеви јавноста

Дерби

31/05/2026

08:43

183

Големина на фонт

а а а

ПСЖ полека прераснува во еден од најуспешните тимови во историјата на Лигата на шампиони, бидејќи вечерва стана само вториот колектив по Реал Мадрид кој успеал да одбрани титула откако најелитното натпреварување се преименува и ребрендира во 1992-ра година.

„Светците“ го одбранија европскиот трон со победа над Арсенал во пенал рулетот, а додека едните се радуваа, другите очекувано тагуваа со солзи во очите.

Најтешко му беше на Габриел кој се претвори во трагичар во Будимепшта, но додека Бразилецот се обидуваше да се соземе, еден потег го привлече вниманието.

Сите ѕвезди на ПСЖ отидоа да слават титула со фановите веднаш по утката на Габриел, но само еден тргна во спротивен правец.

Маркињос како капитен на ПСЖ почувствува симпатии кон својот сонародник, па наместо да слави титула, отиде да му даде поддршка и да го утеши за промашениот пенал.