[ВИДЕО] Магија или безобразие? Тенисерот со својот потег ги остави сите во неверување, а ривалот едвај му подаде рака поради тоа

Точка

15/04/2026

18:00

643

Големина на фонт

а а а

Љубителите на тенисот во Барселона присуствуваа на сцена што се гледа еднаш на неколку години, а главен актер беше португалскиот тенисер Нуно Боржес.

Тој во осминафиналето го совлада Аргентинецот Томас Ечевери со 6:3, 7:6 (4), но за самиот резултат најмалку се зборува.

Иако Боржес доминираше во поголемиот дел од мечот, кон самиот крајсе соочи со физички проблеми. Видливо исцрпен и со болна гримаса, Португалецот бараше начин што побрзо да го приведе мечот кон крај, а потоа на втората меч-топка извлече „кец од ракавот“ што ги остави сите во неверување.

Во момент кога сите очекуваа силен сервис, Боржес изведе совршен сервис „под рака“! Топчето ја прелета мрежата толку неочекувано што Ечевери, кој стоеше далеку зад основната линија, не стигна ни да тргне кон него. Тоа беше петтиот ас на Боржес на мечот — и најчудниот во неговата кариера.

Дури и камерманите кои го пренесуваа мечот беа затечени од овој потег, па едвај го фатија моментот кога топчето падна во полето на Аргентинецот. Додека публиката беше во шок, Боржес ги крена рацете во знак на триумф, очигледно свесен дека токму овој лукав потег му ги зачувал последните атоми сила.

Иако овој потег често предизвикува дебати за „спортскиот кодекс“, во светот на професионалниот тенис тој е целосно легитимен, а во случајот на Боржес се покажа како совршено тактичко решение во момент на физичка немоќ. Меѓутоа на крајот, ривалот едвај му подаде рака поради потегот.