Ѓоковиќ откри што го мотивира и на 39 години сè уште да игра: Не чувствувам дека сум го комплетирал тенисот

Точка

12/04/2026

14:19

968

Големина на фонт

а а а

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја откри тајната на својот успех и на 39 години, а зборувал и за причините зошто сè уште не помислува на пензионирање.

Ѓоковиќ во интервју за австралискиот „Esquire“ рекол дека е свесен оти и тој е само човек и дека знае да згреши.

„Барам рамнотежа во тој холистички пристап и прифаќам дека сум само човек. Правам грешки, имам слабости и тоа е во ред. За да бидеш силен, храбар и успешен, мораш да си дозволиш да бидеш и ранлив“, изјавил Ѓоковиќ.


Многумина се прашуваат од каде му е мотивацијата и понатаму да игра, а тој одговорот го сумирал во само неколку реченици.

„Не чувствувам дека сум го комплетирал тенисот. Мојата мотивација произлегува од љубовта кон играта, натпреварувањето и предизвикувањето на самиот себе. Кога сум на теренот, не сум мотивиран само да победам, туку и да дадам пример, да покажам вредности како што се посветеност, упорност, љубов кон она што го правам. Мојата мотивација е моќна и многу лична“, истакнал Новак.

Како што рекол, еден од најголемите успеси во кариерата му бил златниот медал за Србија на Олимписките игри во Париз.


„Победата во Париз, на 37 години, и тоа да ја претставувам Србија, без сомнение е еден од најголемите моменти во мојата кариера. Олимпиското злато беше животна цел. Додека ја слушав националната химна со златниот медал околу вратот, тоа е чувство што останува засекогаш, не само во сеќавањето, туку и во целото тело“, нагласил Ѓоковиќ.