Тајсон Фјури ја прекина 15-месечната пауза и одново се врати во рингот по таканаречено „пензионирање“, а тоа го направи со доминантна претстава против предизивкувачот Арсланбек Махмудов.
Непосредно по вториот пораз од Усик на крајот на 2024-та година, популарниот „Џипси Кинг“ најави дека се повлекува од боксот по којзнае кој пат во кариерата, за на стартот на 2026-та година повторно да најави враќање, кое сега го зачини со победа.
Пред речиси 55 илјади навивачи на стадионот на Тотенхем во Лондон, британскиот боксер издоминира пред своите фанови во речиси сите 12 рунди и победи без нокаут, односно со едногласна одлука од тројцата судии.
Првите двајца ја оценија борбата со победа на Фјури со 120:108, додека третиот судија му даде предност на Тајсон со 119:109.
Anthony Joshua just DECLINED to face off with Tyson Fury in the ring 😳
— Happy Punch (@HappyPunch) April 11, 2026
“You’re a clout chaser. You ain’t gonna tell me what to do. I’m the boss. You work for me.” 🥶 pic.twitter.com/fx3Jo07GuR
Веднаш по прогласувањето на победникот, Фјури го зема микрофонот во раце и му се обрати на еден вип гостин во првиот ред од трибините, односно на сонародникот Антони Џошуа.
Фјури со провокативен тон го предизвика Џошуа и двајцата влегоа во конфронтација, по што Антони не сакаше точно да открие дали ќе му ја исполни желбата и ќе влезе во ринг со него.
– Сакам да ви ја дадам борбата што сите ја чекате. Те сакам, Еј-Џеј, Ентони Џошуа. Ајде да им го дадеме на фановите она што го сакаат, битката за Британија. Следно сакам да се борам со тебе, го прифаќаш ли мојот предизвик, – порача Фјури, а Џошуа возврати.
– Ти си ловец на внимание, нема да ми кажуваш што да правам. Јас сум шефот и јас ќе кажам во кои услови, ти работиш за мене, – дрско му возврати Антони на сонародникот








