Ламин Јамал секогаш е максимално мотвириран кога игра против Еспањол, но и еден од играчите кој е најрасположен за провокации за време на дербито, но и по крајот на истото.
Јамал вчера почна да слави гол уште пред да ја смести топката во мрежа, па во период кога доби многу критики од фановите на Еспањол за таквиот потег, Ламин реши дополнително да ги разгори страстите на социјалните мрежи.
Младинците на Барселона се оние кои најмногу се израдуваа на победата над лутиот градски ривал, а Јамал јасно стави до знаење кој е клубот број еден во градот.

– Барселона е сино-црвена! Време е да го проголтате тоа, како и секогаш, – порача Јамал со славеничка фотографија.
Ламин го постигна голот за 3:1 во 87-та минута, но Рашфорд до крајот постигна уште еден гол и Барса славеше со конечни 4:1.







