Крос верува во пресврт на Реал: Баерн покажа ментална слабост на „Бернабеу“

Дерби

11/04/2026

15:08

147

Големина на фонт

а а а

Тони Крос му оддаде огромно признание на Мануел Нојер во најновото издание на подкастот кој го води со својот брат Феликс, но сосема очекувано, легендарниот играч за врска направи мала анализа, но и најава за четвртфиналниот реванш меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Крос беше дел од многу натпревари против својот поранешен клуб Баерн како една од главните ѕвезди на Реал, но за првпат после повеќе од десет години, Реал ќе брка негатива на гостински терен против својот голем европски ривал.

Баерн победи со 1:2 на првиот натпревар и стекна мала предност пред средбата која се игра во среда, меѓутоа Крос смета дека Реал се уште има доста големи шанси за полуфинале, бидејќи според него германскиот првак во повеќе наврати покажал ментална слабост во решавачките дуели со „кралскиот клуб“.

– Не сум изненаден од тоа што се случи на првиот меч во Мадрид, иако Баерн имаше извонредни перформанси повеќе од 60 минути. Сепак, тоа што се случи после предност од 0:2 за мене е највпечатливиот ментален аспект. Баерн низ годините нудеше добри перформанси против Реал Мадрид, но на реванш натпреварите не успеваше да го одржи тоа темпо и да го добие двомечот.

– Сакам да се дообјаснам. При водство од 0:2 во второто полувреме, имаа шанса да елиминираат било каква неизвесност за реваншот, но наместо тоа, почнаа да играат поповлечено и да се бранат со помалку интензитет. На 0:2 се доби впечаток дека Баерн има целосна контрола на натпреварот, но не успеа да го реши двомечот. Може да дадат, трет, четврт или петти гол, но се случи спротивното, Реал на крајот можеше да се избори и за реми.

– Според мене, Баерн можеше подобро да го изменаџира првиот натпревар во Мадрид, но не го направи тоа и се останува отворено на реваншот, – изјави Крос.