[ВИДЕО] Втора година по ред: Борнмут го „нокаутираше“ Арсенал на „Емирејтс“

Дерби

11/04/2026

15:58

177

Големина на фонт

а а а

Составот на Борнмут направи изненадување и славеше над лидерот Арсенал со 2-1 во премиерниот натпревар од денешната програма во Премиер лигата.

И денешниот меч покажа дека „топчиите“ минутаат низ тежок период, криза без разлика на тоа што во вторникот славеа над Спортинг Лисабон во ЛШ (со гол во 90 минута). „Топчиите“ го загубија финалето на Лига Купот од Манчестер Сити, потоа доживеаа шок од Саутемптон во ФА Купот, а дека нешто не функционира се потврди и денеска на „Емирејтс“ каде незгодниот Борнмут ги однесе трите бода.

Како и во минатата сезона, избраниците на Ираола се изборија за славје со 2-1 на овој терен. Крупи во 17 минута погоди за гостите, домаќините потоа и без игра се вратија по досудениот пенал кој Ѓокереш го искористи за 1-1 во 35 минута, резултат со кој се замина на пауза.

Не успеа фаворитот во вториот дел да се наметне, да создаде чисти шанси, па во 74 минута дојде нов шок од Алекс Скот кој го матираше Раја. Арсенал до крајот се обидуваше да избегне пораз, но тоа не се случи и со тоа си направи потенцијален проблем во трката за пехарот.

„Топчиите“ имаат девет бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, но и два меча повеќе од „граѓаните“ на кои им гостуваат во наредното коло.