[ВИДЕО] Синер продолжи да го „гази“ Зверев и обезбеди финале во Монте Карло

Дерби

11/04/2026

16:01

150

Големина на фонт

а а а

Вториот светски рекет, Јаник Синер дојде до билет за финалето на АТП Мастерсот од серијата 1000 во Монте Карло и тоа откако попладнево ја оправда улогата на фаворит против Александер Зверев.

Зверев веќе му станува „пациент“ на Италијанецот и доказ за тоа е што Германецот го доживеа осмиот пораз во низа во меѓусебните пресметки.

Синер триумфираше со 2-0 во сетови со 6-1 и 6-4, ја продолжи победничката серија на Мастерс турнирите и утре може против Карлос Алкарас (ако слави во второто полуфинале) да игра мега дерби за пехар, но и за првото место на АТП листата.