Проблем за лидерот во Серија А: Интер остана без клучен играч за наредните недели

Дерби

10/04/2026

21:19

191

Големина на фонт

а а а

Екипата на Интер се подготвува за тешкиот натпревар против Комо во Серија А, а во пресрет на истиот актуелниот лидер во шампионатот сподели една лоша вест за еден од најважните играчи во екипата.

Се работи за капитенот Лаутаро Мартинез кој заработил мускулна повреда на левата нога и според информациите на италијанските медиуми ќе биде во аут најмалку две седмици. Ова е удар за Интер и самиот Мартинез кој минатата седмица се врати на терените против Рома и даде два гола во големиот триумф од 5-2.

Тој претходно не му беше на располагање на тренерот Киву од првата средба со Бодо Глимт во Лигата на шампионите, поточно неговата повреда покажа колку тој е значаен за Интер, потврда за тоа се резултатите во тој период.

„Нероаѕурите“ во наредните 15 дена ги очекува два меча со Комо (првенство и Куп), плус соочување со Калјари.