[ФОТО] Зендаја позираше на премиерата на серијата „Euphoria“: Долгиот црн фустан со отворен грб ја истакна нејзината фигура

Кармин

08/04/2026

14:30

454

Големина на фонт

а а а

Актерката Зендаја минатата вечер присуствуваше на премиерата на третата сезона од серијата „Euphoria“, а се појави во уникатно модно издание.

За оваа пригода таа избра долг сатенски црн фустан со затворено деколте, кој ги истакна нејзините рамена и витката фигура. Исто така, фустанот се состои и од наметка што се влечеше зад неа, а од другата страна фустанот е целосно отворен на грбот.


Модното издание Зендаја го надополни со едноставни сребрени обетки и дијамантски прстени, вклучувајќи го и свршеничкиот прстен од Том Холанд, додека за шминка одлучи да ги нагласи очите. При пристигнувањето на премиерата таа заводливо позираше.

Исто така, актерката претходно, за време на гостувањето во емисијата „The Drew Barrymore Show“, потврди дека серијата „Euphoria“ ќе заврши со третата сезона.


„Мислам дека ова ќе биде последната сезона. Доаѓа до крајот“, изјави таа.

Покрај тоа, Зендаја зборуваше за влијанието што преземањето на главната улога на Ру Бенет го имало врз нејзиниот живот и кариера.

„Серијата ми го скрши срцето. Ру ме научи на толку многу нешта за животот. Таа екипа ме виде како растам. Толку многу ѝ должам на ‘Euphoria’. Ру ме научи на емпатија и искупување, благодарна сум за сето тоа“, порача таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk