[ФОТО] Ќерката на Мила Кунис и Ештон Качер порасна во вистинска убавица, но родителите ја кријат од јавноста: Славниот пар од безбедносни причини сериозно размислува да се пресели во Европа

Кармин

07/04/2026

18:28

466

Големина на фонт

а а а

Најпознатата холивудска тинејџерка овие денови е во центарот на вниманието... За Шајло Џоли биле доволно само неколку секунди, колку што траел нејзиниот настап во спотот на јужнокорејската музичка ѕвезда, за целиот свет да се вклучи во дискусијата и да заклучи дека со убавината ја засенува дури и славната мајка. Нешто слично се случило неодамна и со помалата ќерка на Моника Белучи.

Но, „конците би можела да им ги помрси“ уште една млада дама која ги наследила добрите гени: единаесетгодишната Вајат, чиишто родители се Мила Кунис и Ештон Качер.

Првите денови на пролетта, папараците ја снимија единаесетгодишната Вајат во Лос Анџелес, за време на вообичаената прошетка со мајка ѝ. Биле облечени многу слично и прилично лежерно, а „камуфлажата“ била толку добра што малкумина успеаа да ги препознаат. Токму онака како што Мила Кунис и планирала... Сепак, искусните очи на секаде присутните папараци не можеле да им промакна, па ги фатиле на дело. Тоа било плен на годината.


Нејзините фотографии ретко се појавуваат на интернет, затоа што родителите се трудат и Вајат и нејзиниот помлад брат, деветгодишниот Димитриј, да ги држат што подалеку од медиумите и јавноста. Не им се допаѓа ниту идејата децата да го следат нивниот пат и еден ден да се најдат во машинеријата наречена забавна индустрија. Дури се шпекулира дека славниот пар сериозно размислува за преселба во Европа, каде што се чувствуваат побезбедно.

Популарните актери се запознале кога биле тинејџери. Заедно се појавиле во ситкомот „ That '70s Show“, играјќи заљубен пар, но – тоа било само пре камерата. Зад неа не се наѕирала ни најмала шанса за романса. Мила во тоа време била во долга врска со ѕвездата на комедијата „Home alone“, Меколи Калкин. Дури планирале и венчавка. Сепак, до матичар не стигнале поради неговите повеќегодишни проблеми со пороците.

Качер, во меѓувреме, се оженил со Деми Мур, но големата разлика во години очигледно си го направила своето. Разводот бил исклучително тежок и скандалозен. Судскиот процес траел две години, за време на кој поранешните сопружници биле главни ѕвезди на таблоидите. Обидувајќи се да го преброди тешкиот период, Ештон се зближил со Мила. Иако често ги гледале заедно, не се изјаснувале за евентуална врска. Подоцна, актерот признал дека во еден момент сфатил дека е луд по Милa, но ѝ го признал тоа дури по неколку месеци, кога собрал доволно храброст.


Всушност, во таа мисија најмногу му помогнала – текилата. На една забава, се напил премногу и отишол директно кај неа за конечно да ѝ ги открие своите чувства. Мила, сепак, не била воодушевена од сцената, па го испратила дома, во кревет, и му рекла да се врати кога ќе биде „при чиста свест и здрав разум“. Тој се вратил. На крајот на 2013 година, дебитирале како пар на црвениот тепих на премиерата на неговиот филм „Џобс“. Година дена подоцна добиле ќерка, а во 2015-та се венчале во тајност.

Мила Кунис свесно ја жртвувала кариерата за да се посвети на семејството. Всушност, таа и Ештон направиле договор: да не снимаат повеќе од еден филм годишно и никогаш да не работат во исто време, за барем едниот да може да се грижи за децата. Интересна стратегија, која во нивниот случај очигледно била и многу успешна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk