Се мажи славната Албанка: Гостите мора да се придржуваат кон строго правило

Кармин

07/04/2026

10:51

887

Големина на фонт

а а а

Дуа Липа и Калум Тарнер веќе некое време уживаат во слатка романса, но се чини дека славниот пар конечно решил да ја официјализира својата врска. Како што рекол извор за „The Sun“, популарната пејачка и актерот планираат да се венчаат ова лето и тоа пред таа да наполни 31 година.

Наместо раскошна церемонија, Дуа и Калум сакаат свадба во кругот на семејството и блиските пријатели и како што рекол изворот, веќе разгледале дискретни места за свадби во Италија и Велика Британија.


„Тие на големо ја планираат својата свадба, но деталите строго се чуваат во тајност. Свадбата ќе се одржи ова лето и ќе биде во кругот на семејството и пријателите, така што нема да биде спектакл за голем број луѓе“, истакнал изворот.


Сите нивни омилени луѓе ќе бидат на свадбата, но ќе има и некои изненадувачки правила. Сите оние кои се надевале дека ќе добијат плус една покана нема да ја добијат, бидејќи местата се ограничени само за најблиските луѓе“, заклучил изворот, додавајќи дека церемонијата е само за избрана група луѓе.


Потсетуваме, гласините за љубовта на Тарнер и Дуа Липа почнаа да кружат уште на почетокот од 2024 година, а во 2025 година пејачката призна дека се свршиле.


„Одлуката да остариме заедно, да го делиме животот и не знам, да бидеме најдобри пријатели засекогаш, тоа е навистина посебно чувство“, рекла тогаш пејачката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk