Ана Винтур и Мерил Стрип позираа за насловната страница на магазинот „Vogue“.
По повеќе од 30 години уредување на „Vogue“, Ана Винтур ја красеше насловницата на ова модно списание заедно со холивудската ѕвезда Стрип.
За фотографирањето за насловната страница на „Vogue“, Винтур избра црвен фустан со црни детали, кој го искомбинирала со необични сандали и парчиња накит. Мерил Стрип за оваа пригода избра темносин костум и бела кошула, а комбинацијата ја надополни со црни високи потпетици.
Објавата на магазинот „Vogue“ предизвика позитивни реакции, па некои од коментарите беа: „Немам зборови“, „Вистински модни икони“, „Воодушевена сум“, „Ова е генијално“.
Инаку, во филмот „The Devil Wears Prada“, Мерил Стрип ја глуми Миранда Пристли, дрска уредничка на модно списание, а се смета дека нејзиниот лик се темели на особините на Ана Винтур. Филмот „The Devil Wears Prada“ се темели на истоимениот роман на Лорен Вајсбергер, која била асистентка на Винтур во „Vogue“.
Во интервју, Винтур изјави дека ѝ е голема чест што ја глуми Мерил, а на прашањето како би се чувствувала во врска со замена на улогите со Стрип, Винтур рече дека нема талент за тоа.
„Немам апсолутно никакви таленти. Не знам да пеам, не знам да танцувам, не знам да глумам, бескорисна сум со рацете. Не знам да готвам, но сигурно не знам ни да шијам“, порача таа.
Премиерата на филмот „The Devil Wears Prada 2“ во кината пристигнува следниот месец.