Приказната за електричниот „Mercedes“ 190 E

Точка

07/04/2026

07:58

400

Големина на фонт

а а а

Во мај 1990 година, „Mercedes-Benz“ претстави електричен концепт кој не беше само евтин маркетиншки трик. Имено, со моделот 190 E, германскиот автомобилски гигант сакаше да тестира различни комбинации на погон и батерии – претежно натриум-никел-хлоридни или натриум-сулфурни, кои во тоа време овозможуваа поголема густина во споредба со оловните батерии.

Во Женева, во 1991 година, се појави уште понапреден концепт 190 E Elektro, во кој електричниот склоп беше поставен така што не го намалува просторот во кабината и багажникот.

Концептот имаше два мотори (вкупно 44 КС), кои ги придвижуваа задните тркала, а дометот со едно полнење изнесуваше околу 110 километри – што во тоа време не беше малку.


Веќе тогаш "190 E Elektro" имаше регенеративно сопирање, а од верзиите со конвенционален мотор беше потежок само околу 200 килограми. „Mercedes“ не застана само на концептите.

Од 1992 до 1996 година, на германскиот остров Риген, со помош на локалните власти, беа тестирани 10 примероци од 190 "E Elektro". Некои имаа рачни менувачи, а некои беа без менувач.


Изградена беше и специјална мрежа на полначи со соларни панели.

Автомобилите ги возеа и таксисти, а еден од нив за една година поминал 100.000 километри – без никакви проблеми. Целиот проект беше прекинат во 1996 година, пренесува „AutoBlog“.