„Toyota“ го гаси овој модел, а неговата продажба порасна повеќе од двојно

Точка

05/04/2026

14:47

632

Големина на фонт

а а а

„Toyota Supra“ пред повлекување бележи експлозија во продажбата – купувачите брзаат додека сè уште можат.

Иако актуелната „Toyota Supra“ се приближува кон крајот на производството, интересот на купувачите во САД нагло порасна.

Токму најавата за повлекување на моделот од пазарот дополнително ја поттикна продажбата, па спортското купе забележа еден од најдобрите квартали во последните години.

Само во текот на март се продадени 357 примероци, што е речиси двојно повеќе отколку во истиот месец минатата година, кога беа испорачани 179 возила. Тоа претставува раст од дури 99,4 проценти.


Уште поголем скок се забележува ако се погледнат резултатите за првиот квартал од 2026 година.

„Toyota“ испорача 919 „Supra“, што е за 118,3 проценти повеќе во споредба со 421 автомобил од истиот период минатата година.

Голема улога веројатно има и верзијата „Final Edition“, претставена кон крајот на минатата година, бидејќи купувачите очигледно сакаат да обезбедат еден од последните примероци.


Додека „Supra“ бележи силен раст, некои други модели на „Toyota“ имаат значително послаби резултати. „GR86“ во март падна за 47,2 проценти, додека „Prius“ забележа пад од 41,5 проценти во првиот квартал.

Значителен минус забележа и „RAV4“, чија продажба во март опадна за 45,6 проценти, делумно поради смена на генерацијата.


Од друга страна, некои модели бележат раст. Електричниот „bZ“ порасна за 149,1 проценти, „Corolla Cross“ за 11,9 проценти, додека „4Runner“ оствари импресивен раст од 84,4 проценти.

Сè укажува дека купувачите сакаат да си обезбедат свој примерок од „Supra“ пред легендарниот спортски модел дефинитивно да замине во историјата.