[ВИДЕО] „Што те боли к** како се викам?“ Студентка од Србија стана вирална икона, доби поддршка и од Северина

Точка

02/04/2026

21:04

2.918

Големина на фонт

а а а

„Што те боли к** како се викам? Токму така студентка од Србија ѝ одговори на новинарката на српскиот, на Вучиќ наклонет, „Informer“ и стана вирална икона.

„Што те боли к** како се викам?

Токму така студентка од Србија ѝ одговори на новинарката на српскиот, на Вучиќ наклонет, „Informer“ и стана вирална икона.

„Како се викате?“

„Дали ја осудувате состојбата на факултетите?“, ја прашува на почетокот новинарката од „Informer“.

„Јас вас ве осудувам“, одговара прво смирено студентката.

„Како се викате?“, продолжува новинарката.

„Што те боли к** како се викам?“, го заостри одговорот студентката.

„Што ме боли?“, праша новинарката.

„К**“, појасни девојката.

И така влезе во историјата на студентските протести во Србија.

„Револуцијата раѓа диви“

Нејзиниот одговор го сподели и Северина.


„Признајте колку пати го гледавте видеото ‘Што те боли к** како се викам?’. Јас повеќе стотици пати“,

„Висока мода и големи м**а“,

„Вака треба да се ‘поздравуваат на секој чекор! Браво девојко“,

„Јас сакам да ja оженам“ – се само некои од коментарите на нејзиниот одговор.

Со нејзиниот лик сега се прават и илустрации.


Идентитетот на девојката засега не е познат, но таа дефинитивно влезе во историјата на виралната култура.

Што се случува во Србија?

Српската полиција во вторникот влезе во Ректоратот на Белградскиот универзитет каде, по налог на Повисокото јавно обвинителство, продолжува со истрага за неодамнешната смрт на студентка од Филозофскиот факултет, што академската јавност го гледа како продолжување на репресијата на властите кон универзитетот по минатогодишните студентски блокади и масовни протести.

Дваесетипетгодишната студентка беше пронајдена мртва на платото пред Филозофскиот факултет во ноќта на 26 март, а нејзината смрт под сè уште неразјаснети околности покрена истрага на факултетот, со сослушувања на деканот, вработените и чуварите поради сомневање за сторено кривично дело „небрежно работење во служба“. Полицијата зема изјави и од студентите кои тогаш се наоѓале во зградата на факултетот.

Потоа студентите повикаа на протест пред Ректоратот и Филозофскиот факултет, каде што, со повремено буткање со демонстрантите, полицијата неколку пати употреби палки. Повредени се најмалку две лица, а според снимки од социјалните мрежи, најмалку една личност беше приведена.


Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва, во телефонско вклучување за провладиниот кабелски телевизиски канал „Informer“, рече дека на протестот се гледало „чисто насилство“, оценувајќи дека на протестот „во пикот имало најмногу 3.900 луѓе“. Говорот на ректорот Ѓокиќ го нарече „напишан“ и „политички“, тврдејќи дека образованието во Србија денес го уништуваат „најнеспособните луѓе во земјата“.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас фон Бекерат, порача порано во вторникот дека сите страни треба да се воздржат од политизирање и инструментализација на смртта на студентката од Филозофскиот факултет во Белград, а медиумите ги повика да покажат почит во случајот со оваа трагедија.

Што студентите му замеруваат на „Informer“?

Студентите во Србија на „Informer“ најмногу му замеруваат дека го гледаат како медиум кој не известува коректно за нив, туку систематски ги дискредитира. Во изјавите и реакциите пренесувани од локалните медиуми, студентите наведуваат дека „Informer“ објавува невистинити тврдења, претерувања и пропагандни конструкции за студентските блокади и протести, наместо да се занимава со нивните реални барања“.

Втора голема замерка е „таргетирање“ на поединечни студенти, односно јавно објавување на нивните имиња и презимиња и прикажување на студентите како политички манипулатори, платеници или непријатели на државата. Како примери, другите медиуми наведуваат случаи со Павле Цицвариќ и Давуд Делимеџац, за кои студентите тврделе дека по таквиот третман во медиумите им биле практично нацртани мети на чело.


Дополнително, студентите на „Informer“ му замеруваат и за „ширењето говор на омраза и криминализирање на студентскиот активизам“. Во „провладиниот медиумски контекст“, како што опишуваат „Време“ и други извори, блокадите и протестите често се прикажуваат како насилство, рушење на државата или дел од „обоена револуција“, што студентите го доживуваат како обид за заплашување и делегитимирање на целото движење.

Поради сето тоа, студентите во март 2025 организирале и протести против „Informer“ и поставиле „новинарски ѕид на срамот“ со наслови од тој таблоид, токму за да покажат што сметаат за лаги, манипулации и неетично известување.