По говорот на Трамп цените на нафтата остро пораснаа, доларот зајакна

Нетпрес

02/04/2026

08:50

1.367

Големина на фонт

а а а

Цените на нафтата силно пораснаа во раното тргување во четвртокот, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп, во своето обраќање до нацијата, не посочи дали наскоро ќе се отвори Ормутскиот теснец, клучен премин за извоз на нафта од Блискиот исток

Цените на нафтата силно пораснаа во раното тргување во четвртоко, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп, во своето обраќање до нацијата, не посочи дали наскоро ќе се отвори Ормутскиот теснец, клучен премин за извоз на нафта од Блискиот исток.

На лондонскиот пазар, цената на барелот скокна за 6,41 отсто, на 107,60 долари, додека на американскиот пазар, барелот поскапе за 5,22 отсто, на 105,35 долари.


Од друга страна, на валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми, откако падна за речиси 1 отсто во претходните два дена, благодарение на оптимизмот на инвеститорите во врска со завршувањето на американско=израелската војна против Иран.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 99,85 поени утрово, додека вчера во истиот пресек изнесуваше 99,79 поени.

Во исто време, девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 158,80 на 159,35 јени.

Американската валута, исто така, зајакна во однос на европската валута, при што еврото се лизна на 1,1535 долари, од 1,1565 долари во истото време вчера.