[ФОТО] Злобната Руби од познатата „сапуница“ денес изгледа неверојатно: Станала баба, го победила канцерот на дојка и - и натаму е преубава

Точка

30/03/2026

08:15

2.356

Големина на фонт

а а а

Мексиканската серија „Руби“ го означи почетокот на 2000-тите и брзо стана еден од најгледаните телевизиски хитови. Приказната за убава, но амбициозна девојка која не бира средства за да постигне богатство и статус ја освои публиката низ целиот свет, а ликот на Руби сè уште се памети денес како еден од највпечатливите во светот на сапуниците.

Главниот лик Руби го толкуваше уругвајско-мексиканската актерка Барбара Мори, која со оваа улога стекна голема популарност и стана едно од најпрепознатливите лица на латиноамериканските серии.


По снимањето на серијата, Барбара се соочи со тежок животен предизвик - во 2009 година, ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Веста ја затекна во моментот кога беше на врвот на својата популарност, пишува „Хола“.

„Моето срце е со сите луѓе низ целиот свет кои страдаат од рак. Имам мал совет за нив - верувајте дека утре ќе биде подобар ден и дека можете да ја победите оваа болест. Токму овој позитивен став прави чуда. Мојот сон е да видам свет без рак“, рече таа претходно.

Но, таа го задржа позитивниот став за кој зборуваше и ја надмина злобната болест и продолжи да глуми. Исто така е познато дека ја основала фондацијата „Amor Infinito“, која им помага на децата кои страдаат од рак.

Иако поминаа 22 години од објавувањето на мексиканската сапуница, актерката не се променила многу. Денес, таа има 48 години, а својата препознатлива темнокафеава коса ја заменила со нешто посветло, додека нејзините природни кадрици сè уште ја красат.


Таа често објавува фотографии на социјалните мрежи, каде што ја следат околу 2,8 милиони луѓе, а бројни корисници редовно го фалат нејзиниот младешки изглед.

Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, Барбара Мори многу рано станала мајка. Го родила својот син Серхи кога имала само 19 години, а интересно е што приказната се повтори и во следната генерација - и тој станал татко на 19 години, што ја направи актерката млада баба.

Барбара се омажила за Кенет Сигман во 2016 година, но бракот завршил по само една година. Судејќи според нејзините социјални мрежи, таа моментално е во врска со мексиканскиот режисер Фернандо Ровзар.


Барбара Мори е сè уште активна во светот на филмот и телевизијата, а нејзините најнови проекти го вклучуваат филмот „Мистура“. Иако внимателно ги избира своите улоги, јасно е дека не ја напуштила актерската сцена.