Миа Костова е позната по тоа што е брутално искрена и без влакна на јазик, па често знае на својот Инстаграм профил да сподели интеракции со луѓе кои ѝ пишуваат, а таа нивна љубопитност, според неа, понекогаш преминува во некултурно однесување.
Особено ѝ пречи тоа што многумина се обидуваат да откријат кој е таткото на нејзиниот син Андрија, мешајќи се во нејзиниот приватен живот.

Како одговор на ваквите прашања, таа објави фотографија на која се гледа таткото на Андрија, но само одзади, без да му се открива лицето. Притоа напиша дека има многу „љубопитни и нервозни луѓе“ кои сакаат да знаат на кого личи Андрија, додавајќи дека детето ја наследило висината и градбата од татко му, кого го опиша како многу згоден.

Подоцна, Костова сподели и дел од пораките што ги добива на Инстаграм, посочувајќи колку можат да бидат несоодветни. Таа покажа примери каде непознати лица ѝ поставуваат лични прашања за таткото на детето, па дури и навлегуваат во интимни теми. Па така, една девојка наместо кај другарка ѝ, по грешка ѝ пишала на Миа прашувајќи кој е таткото на Андрија, а друга пак ја прашала дали повторно би имала интимни односи со него.

„Кога ќе се прашате со што се носи некој активен на социјална мрежа, помислете дека стварно секој има интернет. И греши. Ама има и такви кои не грешат“, напиша Миа на објавата, а на другата додаде „Ќе живее овој народ“.

„Подарувам лимони за крај на ден да не ви е кисело - туку да ги удрите после текила.
Да ве освести дека животот е кај вас дома... Кога би се фокусирале на вашите лимони, дали за лимонада или за гриз после текила - животот би бил полн со витамини или добра журка.

Ве сакам со сите прашања. И оние ко шејк со 8 состојки и оние ко лимонада. Прости, да не можеш да се налутиш“, напиша Миа на Инстаграм.








