[ВИДЕО] Мараја Кери „изгубена“ во супермаркет: „Зар навистина ќе го платиме ова?“

Точка

28/03/2026

19:45

964

Големина на фонт

а а а

Славната Мараја Кери повторно се надминала себеси откако едно нејзино видео на ТикТок стана речиси вирално.

Пејачката се снимала додека купувала секојдневни намирници, а може да се каже дека таа снимка дури и ги разбеснила луѓето.

Сè уште е позната нејзината поранешна изјава во која открила дека не знае оти постојат месечни сметки, ниту дека некој ги плаќа, а потоа се „извлекла“ со изјава во која тврдела дека струјата во Америка е бесплатна. Иако никому не му е јасно како е можно пејачката да биде толку неупатена, таа сега покажала и „повисоко ниво“ на незнаење.

Мараја се снимала додека туркала количка меѓу рафтовите и избирала што да купи, но не можела да ја скрие збунетоста.

„Зар навистина ќе го платиме ова?“ во еден момент прашала пејачката не можејќи да го скрие своето чудење.

Исто како и со плаќањето струја, Мараја очигледно мислела дека намирниците во продавница не мора да се платат. На многумина од нејзините следбеници ова им било и повеќе од чудно, а некои дури и ги разбеснило.


„Како е можно да не ги знае овие работи?“, „Изгледа како никогаш да не влегла во продавница“, „Ова сигурно е ВИ“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Во меѓувреме, пејачката ја избришала снимката од ТикТок.