[ФОТО] Моден дуел на свекрвата и снаата: Велат дека мајката на Надал привлекува повеќе внимание од сопругата, а еве како тие две навистина се согласуваат – вакво нешто ретко се гледа кај нас

Кармин

26/03/2026

18:10

401

Големина на фонт

а а а

Марија Франциска Перељо и Ана Марија Парера се појавиле во речиси идентични модни комбинации, покажувајќи блискост што ретко се гледа меѓу снаи и свекрви.

Фондацијата на славниот тенисер Рафаел Надал синоќа организирала веќе традиционален настан на Мајорка, на кој биле доделени награди на истакнати спортски организации. Меѓутоа, случувањето остана во сенка на мајката и сопругата на Надал, кои биле модно усогласени од глава до пети.


Имено, сопругата Марија Франциска Перељо, попозната како Чиска, била облечена речиси идентично како и свекрвата Ана Марија Парера, па така не само што го делат истото име, туку и модниот вкус.

Сопругата на Надал никогаш не се истакнувала, го поддржува сопругот од сенка

Низ сите изминати години, додека го поддржувала својот сопруг на теренот, Марија никогаш не се истакнувала премногу, трудејќи се, колку што може, сепак да ја зачува нивната приватност од светските медиуми. Најчесто се појавувала во едноставни модни комбинации.


Сепак, вчера на свечената церемонија на доделување награди дошла во многу елегантно издание, со акцент на ешарпата, а главниот детаљ била впечатливата црвена чанта.

Моден дуел со свекрвата

Од друга страна, мајката на Надал се појавила во речиси ист стајлинг, со речиси идентичен капут и црни панталони. Нивните целокупни модни изданија биле во ист манир. Дури ни деталите што ги избрала Чиска не направиле некоја позначајна разлика.


Ваква модна усогласеност меѓу снаа и свекрва не се гледа често и без разлика дали е случајна или намерна, открива колку се блиски Марија Франциска и Ана Марија.


На социјалните мрежи се коментира дека Ана Марија и покрај големата разлика во годините, поради ставот и начинот на облекување е поатрактивна и привлекува повеќе внимание од снаата. Таа стајлингот го заокружила со црна кошула, додека нејзината снаа се одлучила за бел џемпер, кој, според мислењето на модните експерти, ја направил да изгледа малку постаро.


Во јавноста Надал има многу поблизок однос со мајка си, па често, кога ќе се појави со сопругата и мајката ѝ дава предност на мајката Ана Марија и се фотографира покрај неа, а не до сопругата. Како што нагласува познатиот пар, кој повеќе не сака јавно да споделува интимни моменти, приватноста им е на прво место, особено откако тенисерот ја заврши професионалната кариера.


Марија има одличен однос и со свекорот, па неретко заедно го бодреле Надал од трибините и никогаш не биле дел од некаков скандал.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk