Иако деталите за бременоста сè уште не се целосно познати, едно е сигурно: Сиена ужива во оваа фаза од својот живот повеќе од кога било досега.
Актерката Сиена Милер е на прагот да стане мајка по трет пат, а како што вели самата, искуството со бременоста во нејзините 40-ти години носи сосема поинаква перспектива.
Во интервју за магазинот „Glamur“, 44-годишната уметница отворено зборуваше за разликите помеѓу мајчинството во подоцнежните години и кога првпат станала мајка на 29 години.
„Добив дете на 29 години, потоа на 42, а сега на 44, и можам да кажам дека сè е многу полесно кога го немате тој внатрешен хаос и чувството дека мора да правите сто работи одеднаш“, објаснила таа.

Таа додава дека денес многу повеќе ѝ се допаѓа помирното темпо на живот.
„Ако веќе сум во кревет во девет часот навечер со книга, сум пресреќна. Сега имам изговор за тоа. Мојот живот е постабилен. Мислам дека триесеттите години се доста хаотични, постојано си мислиш, сакам да се смирам, сакам деца“.
Актерката моментално го очекува своето трето дете, второ со нејзиниот партнер Оли Грин, со кого е во врска од 2022 година.
Позната по улогата во серијата „Анатомија на еден скандал“, Милер вели дека кога влегла во четириесеттите години, прифатила порелаксиран поглед на животот, што влијаело и на нејзината одлука повторно да стане мајка.

„Кога ќе наполниш четириесет години, веќе знаеш кој си и искрено помалку те интересира што мислат другите. Јас сум многу постабилна како личност“, изјавила таа.
Таа го отвори и прашањето за двојните стандарди кога станува збор за родителството.
„Не ги осудуваме мажите кои имаат деца дури ни во осумдесеттите години. Па зошто да има поинаква приказна кога станува збор за жените?“.
Милер, исто така, открила дека ги замрзнала своите јајце-клетки во доцните триесетти години, иако на крајот не ги користела.

„Имав среќа што забременив природно, но за мене беше големо психолошко олеснување што тогаш ја донесов таа одлука“, додала таа.
На 20 март, актерката се врати на Инстаграм по осумгодишна пауза, каде што за првпат го покажа својот труднички стомак. Сепак, јавноста веќе можеше да види дека таа е во поинаква состојба кон крајот на 2025 година, кога се појави на настан во Ројал Алберт Хол во Лондон.
Да ве потсетиме, ова е нејзино трето дете, со Грин веќе има ќерка родена кон крајот на 2023 година, додека од претходната врска со Том Стариџ ја има ќерката Марло, која денес има 13 години.
Иако деталите за бременоста сè уште не се целосно познати, едно е сигурно, Сиена ужива во оваа фаза од својот живот повеќе од кога било.