Една објава на социјалните мрежи стана вирална и привлече огромно внимание, не толку поради она што на прв поглед се гледа, туку поради она што е вешто скриено од погледот.
Корисничка на платформата „Threads“ под името „@kamomiru24“ го споделила тајниот простор што нејзиното момче го изградило со свои раце само за неа.

Фотографиите што ги објави покажуваат дека зад навидум обична полица со книги се кријат дискретни врати. Тие водат во мала, пријатна соба со кревет, осмислена како мирно прибежиште во кое може да се повлече со своите книги. Според зборовите на авторката на објавата, целиот проект започнал само со идеја и многу труд. „Може ли да ви го покажам мојот мал агол за читање? Момчето ми го направи, дури вгради и тајна врата за да можам да се сокријам внатре. Почнавме од нула“, напиша во описот.

Објавата за кратко време стана исклучително популарна, собирајќи повеќе од 170.000 прегледи и речиси 18.000 лајкови. Корисниците беа воодушевени и од самата идеја и од вештата изведба, па овој приватен романтичен гест брзо се претворил во вирален момент. „Какво е чувството да го живееш сонот на сите нас?“, прашала една корисничка. Друга се надоврзала со прашањето: „Дали ти е момчето слободно?“. Една корисничка додала: „Кога мажите велат дека не знаат што сакаат жените, еве, ова е она што многу од нас го сакаат“.

Поради големиот интерес, авторката повторно се огласи за да им се заблагодари на сите за поддршката и да покаже повеќе. „Не ни насетував дека мојата објава ќе предизвика толку позитивни реакции“, напиша. „Бидејќи некои од вас побараа да видат како изгледа одвнатре, еве ја. Сè уште е во изработка“.


Последователната објава откри поглед во внатрешноста на скриениот простор, со напомена дека собата сè уште не е завршена.
Но, тоа само дополнително ја поттикнала имагинацијата и воодушевувањето кај многумина кои ги привлече идејата за лично прибежиште создадено со многу љубов и труд.