Ако секогаш го користите истиот парфем, престанете што поскоро: Постојат најмалку три последици за кои треба да знаете

Точка

23/03/2026

19:28

508

Големина на фонт

а а а

Повеќето луѓе имаат свој омилен парфем на кој постојано му се враќаат и со задоволство би го носеле секој ден, но експертите за мириси советуваат повремено да направиме пауза од една мирисна нота и парфемите да ги користиме во ротација.

Причината не е само потребата за промена, туку постојат и неколку практични објаснувања зошто не е добро постојано да се користи ист парфем.

Парфемот може да ги замори сетилата

Една од главните причини е појавата на таканаречен „замор на сетилото за мирис“, олфакторен замор или олфакторна адаптација. Имено, кога носот секојдневно го „прима“ истиот мирис, мозокот со текот на времето почнува сè послабо да го регистрира. Тоа значи дека по некое време ќе имаме впечаток дека парфемот речиси и не го чувствуваме, иако другите луѓе и натаму јасно го забележуваат.


Лесно може да се претера поради олфакторен замор

Поради тоа, многумина прават една честа грешка и почнуваат да нанесуваат повеќе парфем отколку што е потребно. Кога ќе помислиме дека мирисот на парфемот ослабел, инстинктивно прскаме уште неколкупати.

Меѓутоа, за околината тоа може да биде премногу интензивно и нападно, особено во затворен простор како канцеларија или јавен превоз, па ако сте забележале дека луѓето се тргаат или ве погледнуваат намуртено кога ќе застанете покрај нив, причината може да биде тоа што сте претерале со парфемот.


Парфемот ја губи моќта да стане дел од спомените

Но, тоа не е единствената причина зошто е добро да се прават паузи од омилениот парфем. Мирисите се силно поврзани со емоциите и спомените, па кога ги носиме секојдневно, постои можност со текот на времето да го изгубат оној посебен ефект што некогаш го имале.

Со други зборови, парфемот може да ја изгуби својата магија едноставно затоа што премногу сме се навикнале на него.


Колку често да го менувате парфемот?

Експертите, поради сето тоа, препорачуваат на парфемите да гледаме онака како што гледаме на облеката, односно да користиме различни во зависност од пригодата, расположението или годишното време. Доколку почесто ги менуваме парфемите, тоа му овозможува на сетилото за мирис да се „ресетира“, па секој парфем повторно делува свежо и изразено кога ќе го употребиме следниот пат.

Тоа, секако, не значи дека треба да се откажете од својот омилен мирис. Напротив, повремената пауза може да направи уште повеќе да го цениме, а секојпат кога повторно ќе го нанесеме, мирисот ќе делува подеднакво привлечно како првиот ден…