[ФОТО] Кралицата на бикинито ги сруши соништата на мажите: „Го правев тоа и засекогаш ќе се каам“

Точка

23/03/2026

08:23

2.094

Големина на фонт

а а а

Брукс Надер привлекува внимание со својот приватен живот, но и со својот привлечен изглед, но како што самата признала претходно, нејзиното тело не е исклучиво дар од природата.

Риалити ѕвездата Брукс Надер, во ексклузивно интервју за „People“, откри дека направила липосукција. Контроверзната убавица била прашана дали жали за нешто и кои се нејзините „доживотни грешки“ кога станува збор за убавината.


Брукс беше во центарот на вниманието во изминатиот период и поради нејзината улога во новата верзија на серијата „Чувари на плажа“, каде што ќе го толкува ликот на Селена.

„Веројатно не требаше да го кажам ова, но ќе го кажам. Направив липосукција пред неколку години и засекогаш се каам за тоа бидејќи едноставно не ми требаше. Мислам дека ми создаде вдлабнатини и испакнатини и слични работи.“


„Сите треба да правиме вакви работи помалку и да бидеме здрави“, била искрена таа.

Ова не е првпат Брукс отворено да зборува за естетските процедури што ги направила на себе, па така еднаш изјави дека на луѓето им личи на Мајкл Џексон поради нејзиниот нос.

Покрај тоа, таа признала и дека користи ботокс, но и лекови за слабеење кои ѝ помогнале да го добие посакуваниот изглед.


„Секоја година за Божиќ можете да ме видите како изгледам како Фреди Кругер“, изјавила Надер, опишувајќи ги различните третмани за убавина што ги прави за време на празниците.