Дончиќ објасни зошто одбива да плаќа алиментација: „Анамарија се бори на погрешен суд, нека ја погледне картата“

Точка

21/03/2026

18:29

3.696

Големина на фонт

а а а

Словенечката кошаркарска суперѕвезда Лука Дончиќ во последните недели игра веројатно најдобра кошарка во својот живот, а сето тоа додека во исто време минува низ најтежок период во приватниот живот.

Веќе на сите им е познато дека Дончиќ раскина со Анамарија Голтес, сега веќе поранешна свршеница со која има и две деца, а започна и нивната правна битка.

Американскиот „TMZ“ објави дека Дончиќ одбива да плаќа алиментација за своите две деца, а додаваат и дека на својата поранешна свршеница ѝ порачал дека треба „да ја консултира картата пред да поднесе правни документи поврзани со алиментација за двете деца“.


Имено, Дончиќ алудира на тоа дека Анамарија барањата ги поднела во суд во Калифорнија, иако таа со децата живее во Словенија, што било и коренот на целиот проблем во нивниот однос.

Лука и неговата адвокатка Лора Васер истакнуваат дека тој не е жител на Калифорнија, ниту пак нивните ќерки Оливија и Габриела. Вели дека со месеци се обидува да ја убеди Анамарија да се пресели во Калифорнија со нивните деца, но таа го одбива тоа откако се вратила во Словенија минатиот мај.

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс вели дека пред Анамарија претходно овој месец да поднесе документи за издржување на дете, тој веќе во февруари поднел барање во Словенија. Тие документи се однесуваат на старателство и издржување на дете.


Исто така, одличниот кошаркар вели дека веќе ги покрива сите трошоци за двегодишната Габриела и четиримесечната Оливија. Секако, за него парите не се проблем бидејќи има тригодишен договор вреден 165 милиони долари.

Лука и неговата адвокатка исто така велат дека поднесувањето на барањето од страна на Анамарија во Калифорнија е „јасен обид за барање поповолен закон и користење на великодушните износи на алиментација по кои Калифорнија е добро позната“.

Кога ја раскина свршувачката, Лука за „ESPN“ изјави: „Сè што правам е за среќата на моите ќерки и секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им обезбедам најдобар можен живот“.