Јувентус започна преговори со Бернардо Силва

Макфакс

20/03/2026

14:20

186

Големина на фонт

а а а

Бернанрдо Силва ќе го напушти Манчестер Сити по завршувањето на сезоната. Клубот не му понуди нов договор и тој ќе го напушти „Етихад“ без обесштетување. Фактот дека е слободен се обидува да го искористи Јувентус. Челниците на „старта дама“ ги започнале преговорите со 32-годишниот Португалец.

Според италијанските медиуми, Јувентус на Силва му понудил тригодишен договор, со можност тој да биде продолжен на уште една сезона.

Финансиските детали не се објавени, се претпоставува дека би играл за годишна плата од околу 7.000.000 евра по сезона, со што би станал еден од најплатените играчи на Јувентус.

Услов да ја прифати понуата е Јувентус да избори пласман во Лигата на шампионите, што воопшто нема да биде лесно.

Силва е подготвен да го чека исходот, но се споменува и интерес од Барселона, Галатасарај, Бенфика и неколку клубови од Саудиска Арабија и САД.

Во исто време, Јувентус сака уште еден врвен играч чиј договор истекува, станува збор за Леон Горецка од Баерн, но ќе имаат сериозна конкуренција во форма на Милан.