Чудни се патиштата на фудбалот: Прославениот ас на Манчестер Јунајтед стана готвач на ТикТок

Точка

19/03/2026

14:14

718

Големина на фонт

а а а

Двократниот шампион на Англија со Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандес, попознат како Чичарито, ги изненади навивачите кога почна да објавува снимки од кујната.

Чичарито (37) неодамна ја заврши фудбалската кариера, но не му требаше долго да пронајде нова. Но, далеку од фудбалските терени, денес Мексиканецот прави нешто сосема неочекувано.


Најдобриот стрелец во историјата на Мексико стана готвач и своите снимки ги објавува на ТикТок. Ги замени копачките со престилка и видеокамера.

Во најновата снимка славниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Баер Леверкузен се посвети на правење на својата верзија на милански сендвич. Пржеше говедско месо со сирење и авокадо, па дури и направи сопствено песто, сето тоа врз тостирана чиабата.


Чичарито изгледаше воодушевен од резултатите од својата работа кога го пресече сендвичот на половина и го покажа пресекот, а воодушевена беше и госпоѓата зад камерата, за која се претпоставува дека му е сопруга.

Мексиканецот е најдобар стрелец на својата земја на сите времиња, со 52 гола во 109 настапи, а играше и за Реал Мадрид. Две години помина играјќи за Вест Хем и Баер Леверкузен, покрај најдобрата епизода во Европа — две титули шампион на Англија со Манчестер Јунајтед.