Флик може да здивне, доби позитивни вести за еден од повредените играчи на дуелот со Њукасл

Дерби

20/03/2026

12:57

178

Големина на фонт

а а а

Барселона беше загрижена поради состојбата на својот прв голман, Жоан Гарсија, но денеска Ханси Флик добил добри вести од лекарскиот тим.

Гарсија не го доигра вчерашниот дуел со Њукасл во Лигата на шампионите, но деталните прегледи не лоцирале конкретен проблем и голманот ќе биде достапен за следните предизвици на Барса.

Првичните стравувања беа дека Гарсија заработил мускулна повреда и го очекува слична судбина на Тибо Куртоа, но денеска болката исчезнала, а и прегледите потврдиле дека голманот нема конкретен проблем.