Електрична елеганција и шпански ритам: Промоција на новиот Porsche Macan

Точка

21/03/2026

16:53

166

Големина на фонт

а а а

Во автентичниот амбиент на Интермецо Music Bar, Porsche Center Скопје и Порше Македонија официјално го претставија новиот модел на Porsche Macan. Настанот ги обедини врвниот германски инженеринг и софистицираната градска забава, означувајќи нова ера за овој популарен SUV.

Спој на перформанси и стил

Новиот Macan, кој поставува нови стандарди во својата класа со својот прогресивен дизајн и импресивна динамика, беше главната ѕвезда на вечерта. Присутните гости имаа ексклузивна можност одблизу да ги погледнат иновациите кои го прават овој модел симбол на спортскиот дух во секојдневното возење.


Специјален музички амбиент со Mestiza

За енергијата на подиумот и совршената атмосфера се погрижи светски познатото диџеј дуо Mestiza. Нивниот препознатлив микс на електронска музика со традиционални шпански фламенго елементи беше совршен одраз на карактерот на новиот Macan – спој на традицијата на брендот Porsche со модерната, возбудлива иднина.


„Macan отсекогаш бил омилен избор на нашите клиенти во Скопје, а овој нов модел го подигнува нивото уште повисоко. Сакавме оваа промоција да биде повеќе од обично претставување – сакавме да создадеме искуство кое ги буди сите сетила,“ изјавија од Porsche Center Скопје.