„AUDI“ има нов SUV: Ваков модел не постои во Европа

Точка

20/03/2026

11:03

813

Големина на фонт

а а а

„AUDI E7X“ е нов електричен SUV со автономија до 750 километри и футуристички дизајн.

Германскиот производител претстави целосно нов електричен SUV наменет за кинескиот пазар – „AUDI E7X“, модел кој значително се разликува од сè што овој бренд нуди во Европа.

Развиен во соработка со кинеската компанија „SAIC Motor“ преку посебна линија на „Audi“, „E7X“ носи радикално поинаков дизајн.

Наместо класична маска, предниот дел го сочинува низа LED елементи, а тука се и камери наместо класични ретровизори, скриени рачки на вратите и нагласени странични линии на каросеријата.


Голем SUV со сериозни перформанси

„E7X“ е голем SUV со должина над 5 метри, а нуди и импресивни технички карактеристики:

батерии од 100 kWh и 109,3 kWh („CATL“)

автономија од 615 до 751 километар

основната верзија има 408 коњски сили

помоќната верзија со два мотора нуди 680 коњски сили и забрзување до 100 км/ч за помалку од 4 секунди


„Audi“ се прилагодува на кинескиот пазар

За разлика од глобалните модели, „E7X“ е развиен без строги дизајнерски правила на брендот, со цел подобро да одговори на вкусот на кинеските купувачи и конкуренцијата од домашните производители.

Новиот SUV е базиран на концептно возило од 2025 година и е дел од посебната подмарка на „Audi“ за кинескиот пазар, во рамки на која минатата година беше претставен и моделот „E5 Sportback“.

Иако цената сè уште не е објавена, се очекува автомобилот да биде поконкурентен од европските ривали.

Внатрешноста сè уште не е откриена, но комплетниот модел ќе биде претставен на претстојниот саем за автомобили во Пекинг.