[ВИДЕО] Кога учителката видела што нацртало 5-годишно девојче, веднаш го повикала таткото: Приказната го насмеа интернетот

Точка

19/03/2026

20:25

919

Големина на фонт

а а а

Еден татко сподели необичен цртеж на својата петгодишна ќерка, кој поради бизарното прикажување на семејна сцена на покривот од куќата предизвикал загриженост кај учителката.

Еден татко на социјалните мрежи сподели необичен цртеж на својата петгодишна ќерка, кој ја загрижил нејзината учителка и предизвика голема урнебесна дебата на интернет. Имено, цртежот прикажува семејна сцена на покривот на куќата, но со еден бизарен детаљ – насмеан татко кој паѓа од покривот додека остатокот од семејството тажно го набљудува.

Загрижувачки повик од училиштето

Мајк Зазара и неговата сопруга Меди се родители на три деца: осумгодишната Бела и петгодишните Орли и Чејс. Токму креативниот талент на Орли неодамна го изненадил семејството, откако Зазара одлучил да реагира на повикот од училиштето. Во видео објавено на својот Инстаграм профил, таткото раскажа како го повикала учителката на Орли и го известила дека девојчето нацртало „вознемирувачки цртеж“ од своето семејство. Потоа го покажал спорниот цртеж, на кој членовите на семејството се нацртани како едноставни фигури кои стојат на покривот на куќата.


„Како што гледате, мојата сопруга и трите деца се на покривот“, вели Зазара пред да се насмее покажувајќи каде се наоѓа тој на цртежот. Неговата фигура паѓа или скока од покривот, додека остатокот од семејството има тажни изрази на лицето, а тој весело се смее додека лета кон земјата.

„Јасно е дека умирам“

Сѐ уште смеејќи се, Зазара истакна дека изгледа како „да го туркаат или фрлаат, уште не сме сигурни, не е сосема јасно“.

„Не знам што се случува, но единственото прашање што го имам е зошто моето семејство е тажно, а јас сум единствен што се смеам додека ме фрлаат и се „нурнувам“ во смрт“, рече тој, додавајќи дека „јасно е дека умира“.

Интернетот се обидува да го протолкува цртежот

Покрај видеото напишал дека „не може да верува“ што гледа и во описот праша: „Дали и друго дете нацртало нешто вакво? Дали сум безбеден?“. Снимката предизвика бројни реакции и собра повеќе од 25.000 лајкови, а во коментарите многумина се обидоа да ја протолкуваат уметничката работа на Орли.


Еден корисник предложи: „Можеби детето мисли дека нејзиниот татко е Супермен па му мавта додека тој оди да направи нешто храбро?“, „Се обидувала да те спаси, а не да те турне“, претпоставил друг, додека третиот се пошегувал: „Барем се тажни поради одлуката да те фрлат“. Еден коментатор му советувал: „Држи се подалеку од покривот некое време. Можеби е видовита“. Сепак, едно толкување посебно го пофали Зазара.

„Наутро одиш на работа и се збогуваш од нив, а тие се тажни што одиш. Позицијата на ликовите во куќата не е важна. Тие се во куќата, а ти ја напушташ куќата“, објаснил еден од следбениците.