На прв поглед делува како сцена од екстремна реалити програма. Бетонската просторија висока 86 сантиметри, без прозорци и со кирија од околу 40 фунти месечно за овој човек била идеална за заработка.
Откако ја изгубил работата во call-центарот, Кумар познал да снима видеа од својот необичен дом. За само шест месеци успеал да добие над 129.000 следбеници на социјалните мрежи.
Од минијатурна соба до вирална содржина
Сону Кумар веќе пет години живее во малата бетонска просторија која повеќе личи на кутија отколку на стан. Без оглед на тоа, токму тој необичен начин на живот привлекол внимание кај публиката на интернет.

Како што вели, по губењето на работата одлучил слободното време да го искористи за пишување приказни и снимање кратки видеа инспирирани од секојдневниот живот.
„Почнав да создавам содржини откако ја изгубив работата. Кога моето прво видео стана вирално, тоа ме мотивираше да продолжам“, изјавил Кумар.
Живот во простор помал од кревет
Иако ваквиот начин на живот му овозможува значајна заштеда на пари, секојдневието во просторот кој е висок 86 сантиметри има свои предизвици.
Сону признава дека еднаш доживеал ситуација која многу од луѓето би ги исплашила.

„Додека спиев, во собата влезе змија. Тивко се поместив во аголот и чекав. Не сакав да ја исплашам затоа што знаев дека може да реагира непредвидливо. По околу 30 минути сама излезе“, опишал тој.
Тоалетот и кујната ги дели со другите мажи од зградата, слично како во хостел.

Мислењата на луѓето поделени заради неговиот начин на живот
Неговите видеа предизвикале голем број коментари на интернет. Додека едни изразуваат восхит на неговата снаодливост, други не можат да го замислат животот во толку мал простор.
„Уште една причина да бидеме благодарни на она што го имаме“, напишал еден корисник, додека пак друг се запрашал што би се случило доколку кровот би се срушил, додека пак некои тоа го опишале со еден збор – клаустофобија.
Сепак, за Сону Кумер ваквиот животен простор денес претставува место каде работи, создава содржина и гради нова кариера на интернет.










