Кевин Харт воопшто не е задоволен од својата нова восочна фигура. Комичарот не бирал зборови кога го сподели своето мислење за статуата која беше претставена во „Hollywood Wax Museum“ во Тенеси.
Актерот од филмот „Jumanji“ е прикажан во црна маица со кожна јакна, црни панталони и златен ланец, но цртите на лицето се забележливо поинакви – тенот му е посветол, косата побујна, а вилицата поизразена, што Харт јасно го истакна.
„Ова е напад“
„WTF? Што сум им згрешил на овие луѓе?!“, напиша 46-годишниот актер на Инстаграм покрај видеото од восочната фигура. „Ова е напад... Кој е ова, по ѓаволите?“.
„Во овој момент, овие музеи само се обидуваат да ме расплачат“, продолжил актерот со бројни емотикони што плачат од смеа. „Ова мора да престане... Барам да се направи одново, по ѓаволите!“.
Неговите тврдења ги поткрепува и видеото, монтирано со музичката тема „Frolic“ од серијата „Curb Your Enthusiasm“, кое ја прикажува насмеаната статуа од глава до пети, вклучително и постаментот со натпис „Кевин Харт“. Преку снимката стоел и текстот: „Знам дека ова не е Кевин Харт“.
Реакции од колеги и обожаватели
Иако Харт очигледно не беше воодушевен, некои од неговите следбеници најдоа хумор во ситуацијата. Неговиот колега од филмот „Jumanji“, Двејн Џонсон, коментираше: „Совршено е. Не менувајте ништо“.
Во меѓувреме, Џени Фарли се пошегува: „Имам чувство дека Двејн Џонсон „вмешал прсти“ во ова“.

Некои следбеници сугерираа дека статуата потсетува на други славни личности. „Го баравте Кевин Харт, а добивте Кевин Д Викенд“, напиша еден, додека друг додаде: „Ајс Кјуб + Кевин Харт“.
Харт не е единствениот со лош двојник
Кевин Харт е само последниот во низата ѕвезди чија восочна фигура предизвика расправа. Претходно оваа година, восочната фигура на Зендеја во музејот Мадам Тисо во Њујорк го подели интернетот, а многумина тврдеа дека воопшто не личи на неа. Статуата на Џастин Бибер во холивудскиот Мадам Тисо исто така поттикна реакции во 2024 година.
Сепак, не сите статуи беа пречекани со критика. Восочните фигури на Тејлор Свифт и Ед Ширан во музејот Паноптикум во Хамбург импресионираа бројни обожаватели.








