Прогласен најпријателскиот јазик на светот и победникот не е англискиот: Истражувањето открило што всушност најмногу му „годи“ на увото

Точка

18/03/2026

15:17

570

Големина на фонт

а а а

Патниците ја обожаваат Португалија поради безброј причини: од историски градови до престолнината Лисабон и Порто, преку спектакуларните погледи на океанот па сè до фантастичната храна и препознатливи „азулехо“ керамички плочки кои ги красат фасадите и ентериерите ширум земјата.

Но постои уште една причина зошто оваа европска убавица ги освојува срцата на посетителите, а тоа е нејзиниот јазик. Според новото истражување што го спровела платформата за учење јазици „Preply“, токму португалскиот е прогласен за најпријателски град на светот, барем кога станува збор за впечатокот што го остава врз слушателите.

Биле оценувани 10 светски јазици, а во анкетата учествувале 3.608 испитаници

Со оглед на звукот и ритамот на јазиците, како луѓето емоционално ги доживуваат, како романтични, пријателски, практични или сложени? Ова било главното прашање на истражувањето кое се базирало на анкета во која учествувале 3.608 испитаници од шест земји: САД, Обединето Кралство, Франција, Германија, Шпанија и Јапонија.


Учесниците ги оценувале десетте најважни светски јазици според емоциите што ги будат кај нив. Анализата настанала во консултација со психолози и лингвистички експерти, а целта била да се разбере како луѓето реагираат на самиот звук на јазикот, дури и кога не го разбираат значењето на изговорениот збор.

Земјите каде се зборува португалски јазик многумина ги поврзале со сонце и одмор

Прашани кој јазик им звучи најтопло и најпријателски, 34 отсто од испитаниците го одбрале португалскиот јазик. Особено им се допаѓа неговата мелодичност и голем број отворени самогласки, поради што им делува попријатно, топло и гостопримливо. Осве тоа, земјите каде се зборува португалски често се поврзуваат со сонце, опуштен начин на живот, гостопримство и одмор, што дополнително влијае на перцепцијата на јазикот.



На второто место се најде шпанскиот јазик, оценет како најпријателски од 33 отсто од испитаниците, додека италијанскиот завршил на третото место со 29 отсто од гласовите. Интересно е што сите три јазици припаѓаат на истата група, романски јазици, кои често се поврзуваат со топлина, отвореност и пристапност.

Второто место го зазеде мелодичниот италијански, а третото шпанскиот јазик

Покрај пријателските јазици, истражувањето ја анализирало и перцепцијата на романтиката во јазиците. Тука, резултатот бил очекуван: францускиот бил убедливо прогласен за најромантичен јазик во светот. Дури 54 отсто од испитаниците го поврзале со романтика и елеганција. Второто место повторно го зазел италијанскиот (43 отсто), додека шпанскиот го освоил третото место (22 отсто).


И овде доминираат романските јазици, кои често се поврзуваат со страст, елеганција и емоционален израз. Студијата, исто така, покажа дека ние формираме впечаток за јазикот не само врз основа на значењето на зборовите. Начинот на кој нашиот мозок го толкува тонот на гласот, ритамот, интонацијата и мелодијата на говорот, исто така, игра голема улога, пишува „Travel + Leisure“.

Англискиот е најпрактичен, а јапонскиот и арапскиот се меѓу најсложените

Истражувањето открило уште еден интересен факт: околу 59 отсто од испитаниците рекле дека се однесуваат различно во зависност од јазикот што го зборуваат или слушаат. Ова значи дека луѓето често го приспособуваат начинот на кој комуницираат, дури и дел од нивниот карактер на јазикот и културата со кои го поврзуваат. Некој може да изгледа порелаксиран, поотворен или поформален, во зависност од јазикот на кој комуницира.


Во категоријата практичност, англискиот јазик го освои првото место, бидејќи 41 отсто од испитаниците го сметаат за најкорисен јазик во светот, најмногу поради неговата глобална улога во меѓународната комуникација. Од друга страна, јазици како што се мандаринскиот кинески, јапонскиот, корејскиот и арапскиот најчесто се опишани како најсложени.