Австралискиот тенисер Ник Кирјос на „Instagram“ ја потврди својата нова врска. Мистериозната девојка чие лице го криеше со мобилен телефон на заедничката фотографија е истата за која до неодамна се пишуваше дека многу наликува на неговата поранешна љубов Костин Хаци.
Името на неговата нова девојка е Алексија Алеси. Таа е маркетинг менаџерка со не премногу голем број следбеници на социјалните мрежи. На „Instagram“ ја следат нешто повеќе од 5.700 луѓе. Кирјос објави нивна заедничка фотографија со опис „животот постојано ме изненадува“, со што ги прекина шпекулациите кои започнаа порано оваа година, кога парот првпат беше виден заедно.
Австралиецот, чија кариера ја следеа бројни контроверзии, ја прекина долгогодишната врска со инфлуенсерката Хаци во март минатата година, а таа никогаш јавно не ги објасни причините за раскинувањето.

Падна на 835. место на листата
Објавата на Кирјос ги потврди шпекулациите откако парот првпат беше забележан заедно порано оваа година за време на вечерно излегување во Мелбурн. Нивното појавување се случи во период кога Кирјос повторно беше во центарот на вниманието. Тој се најде на насловните страници по хаотичната ноќ за време на „Australian Open“, кога наводно во раните утрински часови бил замолен да го напушти еден ноќен клуб.
Австралиецот, кој поради однесувањето на теренот често го нарекуваат „лошото момче на тенисот“, имаше долг прекин во кариерата поради повреди. Токму тие се само дел од причините поради кои не успеа целосно да го искористи својот талент за поголеми спортски успеси. Многу медиуми често наведуваат дека уште поголема причина е неговиот несоодветен спортски начин на живот.

Сепак, и покрај сè, Кирјос беше финалист на Вимблдон, освојувач на седум турнири и некогашен 13. тенисер во светот. Поради неактивност и недостаток на добри резултати, во моментов се наоѓа на 835. место на „ATP“ листата.












