Нејмар има голема желба да игра за Бразил на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, но тие шанси од ден на ден се намалуваат и за тоа говорат одлуките, потезите на селекторот Карло Анчелоти.
Иако многумина очекуваа, најавуваа дека Нејмар ќе биде повикан за дуелите со Франција и Хрватска кои ќе се одиграат на крајот на месецот, тоа не се случи и Анчелоти даде кратко објаснување.
- Нејмар не е 100 проценти подготвен и затоа не е на списокот. Нејмар не е на 100 проценти од своите можности. Ако може да биде 100 проценти физички подготвен, може да биде таму. Нејмар би можел да биде на Светското првенство. Нејмар мора да продолжи да работи, да игра, да ги покажува своите квалитети и да одржува добра физичка кондиција, - порача Италијанецот.
Со краток коментар се јави и фудбалерот на Сантош кој не криеше дека е лут и разочаран што нема да игра на престојните пријателски средби во САД.
- Мојот фокус останува, ден по ден, тренинг по тренинг, натпревар по натпревар. Ќе ја постигнам целта, сè уште постои конечен состав, - порача Нејмар.








