Леао влегол во конфликт со соиграч, Алегри морал да смирува, Милан го губи трпението со Португалецот

Дерби

17/03/2026

11:56

319

Големина на фонт

а а а

Милан доживеа пораз од Лацио на неделниот меч во Серија А и тоа во натпревар на кој со победа можеше да ја направи далеку поинтересна борбата за Скудетото.

Меѓутоа наместо три бода на контото, екипата падна на „Олимпико“, а се појавија и нови проблеми за кои допрва ќе видиме дали ќе влијаат до крајот на сезонава.

Првата ѕвезда на екипата, Рафаел Леао беше незадоволен од тоа што беше заменет и тоа не го криеше, меѓутоа тоа не било се затоа што „Газета дело спорт“ тврди дека Португалецот влегол во конфликт со соиграч во соблекувалната, па морал да реагира и тренерот Масимилијано Алегри за да ја смири ситуацијата.

Се работи за Кристијан Пулишич од кого Леао не беше задоволен и на теренот каде не доби топка во некои ситуации, а во период кога ниту едниот, ниту другиот не се во посакуваната форма, дефинитивно постои нервоза.

Некои италијански медиуми излегоа со вести дека управата на „росонерите“ полека го губи трпениот со Рафа и за разлика од некои други времиња каде децидно не сакаа да слушнат за продажба, сега се подготвени да разгледаат понуди ако стигнат на нивна адреса.

Наводно повеќе не веруваат дека напаѓачот може да биде лидер на оваа екипа, времето минува, некои грешки ги повторува и токму поради тоа се подготвени за разделба ако дојде соодветна понуда.

Офанзивецот има договор со италијанскиот великан до 2028 година.