Бројките не лажат: Кога тој не игра, Милан е друга екипа без него!

Дерби

17/03/2026

15:57

272

Големина на фонт

а а а

Милан има јасно поставена цел за оваа сезона и тоа е Топ 4 пласман во Серија А, но ако се погледне реално можеби можеше и да биде поамбициозен и да проба да го нападне врвот, титулата која во моментов сепак изгледа недостижно со оглед на тоа што Интер има осум бода повеќе на табелата.

„Црвено-црните“ имаа шанса со победа против Лацио да дојдат на минус пет и да ја направат поинтересна трката за Скудетото, меѓутоа потфрлија, загубија на „Олимпико“ и наместо минус пет, сега е минус осум на девет кола до крајот.

Кога е во прашање Милан и кој е клучен играч за екипата многумина би кажале дека тоа е Леао, можеби Модриќ, голманот Мењан…но бројките кажуваат дека тоа е Рабио. Имено кога Французинот не е активен, не игра тоа е огромен проблем и доказ за тоа се освоените бодови со него или без него.

Адриен поради суспензија беше недостапен за средбата во Рим, а во негово отсутво екипата просечно освојува по 1,40 поени по натпревар. Кога е пак обратно и Французинот царува на средината на теренот, „росонерите“ освојуваат по 2,42 бодови.

Алтернативи за него се Самуеле Ричи и Ардон Јашари, ама дефинитивно не можат соодветно да го заменат францускиот интернационац.

Рабио има учинок од 4 гола и 5 асистенции на 23 средби, кога тој е на теренот (Серија А), Милан има загубено само еден меч и тоа оној против Парма (1-0).