[ФОТО] Повторно отишле непоканети? Нови проблеми за принцот Хари и Меган Маркл по „непристојниот“ потег

Точка

27/02/2026

21:15

656

Големина на фонт

а а а

Посетата на принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс на Јордан, каде што со делегација на СЗО ги посетиле евакуираните пациенти од Појасот Газа, привлече големо медиумско внимание.

Парот поминал два дена во Јордан, а британската јавност забележала дека нивниот престој во оваа блискоисточна земја бил игнориран кога станува збор за тамошниот кралски двор, па немале прием кај кралот Абдула II и кралицата Ранија.


Како што сега пишува „Дејли меил“ и британската Влада, судејќи по сè, решила да се дистанцира од ова патување на Сасексови.


Министерството за надворешни работи, имено, било критикувано затоа што парот бил угостен од британскиот амбасадор во Аман, Филип Хол.


Поранешниот конзервативен министер Тим Лофтон изјавил за споменатиот портал дека е „целосно непристојно“ тоа што тие биле гости на Хол, со оглед на тврдењата на принцот Хари и Меган Маркл дека се обични граѓани, додека самото Министерство одби да го коментира случајот.


Отишле непоканети во Амбасадата?

Сепак, извор запознаен со деталите од ова патување тврди дека амбасадорот на Велика Британија ги поканил војводата и војвотката од Сасекс на прием што го организирал по повод ифтар – оброкот што муслиманите го јадат на зајдисонце за да го прекинат постот за време на светиот месец Рамазан.



Всушност, поканата била упатена до д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генералниот директор на Светската здравствена организација, а се верува дека тој ги поканил принцот Хари и Меган да му се придружат.


„Тие не се „работни“ членови на кралското семејство и не ја претставуваат британската Влада или британската круна. Со оглед на нивната склоност да изјавуваат бескорисни работи што се граничат со политички ставови, тоа што им е дадена официјална платформа може да се протолкува како да изнесуваат нешто што претставува официјална политика на Велика Британија“ истакнал Лофтон.