Актерот Васил Зафирчев со емотивна порака објавена на социјалните мрежи откри дека го загубил својот татко по кратко боледување.
Зафирчев објави фотографија од татка си, на која е очигледна нивната сличност, па скршен од болка се прости од него.
„Во чест на татко ми, Трајче Зафирчев, кој денес, после кратко и тешко боледување, го испративме на неговото последно патување.
Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените прегратки и зборовите кои останале неизговорени во честите животни отсуства, заради мојата и неговата професија поврзана со патувањето.
Сето останато е вечно сегашно време исполнето со бескрајна љубов и најубави спомени, кои засекогаш ќе живеат во моето сеќавање на него, но и во неговото наследство во мене. До еден ден кога повторно ќе се сретнеме во вечната светлина! Среќен пат до дома татко мој!“.
Од Трајче Зафирчев се прости и Калиопи, која е поранешна сопруга на Васил. Парот беше во брак од 2004 до 2011 година.
Пејачката објави стори на Инстаграм со негова фотографија и напиша: „Патувај тато Тале наш“.







