[ВИДЕО] „Таа е жената во која бев вљубен до уши, раскинавме во ‘дачијата’ на татко ми, како на лош филм“: Игор Џамбазов искрено за својата вистинска љубов

Точка

27/02/2026

08:00

2.613

Големина на фонт

а а а

Во најновото издание емитувано на „Курир“ со Антонио Димитриевски, актерот и шоумен Игор Џамбазов искрено говори за жената која му го одбележала животот и призна дека во неа бил „вљубен до уши“.

Тој во разговорот се врати на својата прва голема љубов – Тања Кочишки која оставила силна трага во неговата младост, а токму таа е инспирација за песната „Шал“„ напишана за групата Нокаут.

Антонио: „Велат во животот само еднаш се љуби, се согласуваш ли со тоа?“

Игор: „Не, не е точно тоа ако е така...“

Антонио: „Која е и кога еднаш вистински се љуби?“


Игор: „Еднаш вистински се љуби е вистинската формулација, а јас сум љубел неколку пати во животот и сум... Ми била возвратена... Која е вистинската, а кои се репризите, па да речеме Тања Кочишка. Таа е жената што најмногу сум ја сакал, жена во која сум бил вљубен до уши значи. Она архитектура студираше, а живееше на Иван Аговски кај полицијата до Драмски театар, така што ќе ми завршеше пробата и одев пред архитектонски факултет во 12, а неа во 3 ѝ завршило предавањето и на тие скалите тука... Имаше една сендвичара тука, сендич јади, пуши на скалите, па отиди од другата страна на партизанска, отвори Јане едно за кафиња. Бев вљубен до уши, но она беше многу млада... Толку бевме како пар, сѐ убаво, но беше многу млада и се сеќавам дека кога официјално раскинавме во „дачијата“ на татко ми Џамбаз и како на лош филм, онака врне и во колата бришачите одвај работат, а ние двајцата плачеме од што се разделуваме...“

🎬 Во продлжение слушнете ја „Шал“...