Анчелоти има долгорочен план: Откри која му е целта по мундијалот во 2026. година

Дерби

20/02/2026

12:01

196

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти неодамна го презема Бразил и првично се договори да го води националниот тим на Светското првенство во 2026-та година, но после извонредниот почетен и пробен период кој го мина како селектор на „кариоките“, двете страни се презадоволни од напредокот на националниот тим.

Италијанскиот стручњак лесно ги воспостави своите методи во репрезентацијата на Бразил и веднаш ги поправи резултатите, па иако прв голем предизвик ќе биде мундијалот кој се игра во САД, Мексико и Канада, Карло како искусен стручњак веќе има погледи и подалеку од тоа.

Во ситуација кога е презадоволен од својата нова работа, Анчелоти вели дека набрзо ќе седне на маса со водечките луѓе на бразилската Конфедерација, при што планот е да го води тимот и на следниот мундијал во 2030-та година.

– Ова е сосема нов тип на работа за мене, нешто на што не бев навикнат досега, но нешто што навистина ми годи во оваа фаза од кариерата.

– Мислам дека набрзо ќе го продолжам мојот договор со Бразил и ќе станува збор за четиригодишен договор, – откри Анчелоти во интервјуто за „Мовистар плус“ кое го водеше Хорхе Валдано.