Виктор Осимен од сезоната 2024/2025 го носи дресот на Галатасарај, клуб во кој прво играше како позајмен играч за да потоа дојде до перманентен трансфер.
Многумина беа изненадени со таа негова одлука Турција да биде негова наредна дестинација во кариерата затоа што се очекуваше да направи нов скок, поточно по епизодите во Лил и Наполи да отиде на повисоко ниво.
Меѓутоа се случи тоа што се случи и Нигериецот воопшто не жали за тоа и воедно објасни зошто заврши во великанот од Истанбул.
- Кога го напуштив Наполи, знаете ли колку луѓе ми рекоа: „Не оди во Турција. Дали си луд? Еден поранешен агент дури ми рече: „Не, не, не. Не оди таму. Тоа не е паметен потег. Но, мислам со срце. Сакав да играм за Галатасарај. Како можам да преминам од емоциите на Наполи во било кој клуб? Невозможно. Досадно.
- Сакав да одам во еден од 3-те најдобри клубови во светот во однос на страста. Тоа се луѓе кои навистина ме разбираат. Оние кои го живеат фудбалот на поинаков начин, - порача напаѓачот.








